РК Фруитленд казнет поради неиграњето на Куп натпревар во Битола, исклучен од Супер лигата

Петар Печков

Дисциплинската комисија на Ракометната Федерација на Македонија го исклучи РК Фруитленд од Супер лигата, бидејќи на Куп натпреварот во Битола, изминатиот викенд со составот на РК Еурофарм Пелистер 2,  отпатувал со 9 ракометари. Тоа било помалку од потребните  12, поради што натпреварот не се одигра ниту по еден час и половина чекање. Беше регистриран со 10:0 за вториот состав на Пелистер.

Пропозициите се прецизни,  дека ако некоја екипа не одигра меч од групната фаза на Купот, тогаш се исклучува од системот на натпреварување и во Супер лигата, што и се случи со РК Фруитленд.

Петте преостанати натпревари на велешкиот суперлигаш, до крајот на плеј-аутот, ќе бидат регистрирани со службен резултат 10-0 за противничките екипи.

Во интерес на младиот состав, дозволено е тие да го доиграат  младинското првенство, иако пропозициите се јасни, дека се дисквалификуваат сите категории на РК Фруитленд.
 
На одговорното лице на РК Фруитленд му се забранува во наредните три години да пријави нов клуб во системот на натпревари на РФМ, но и да врши ракометна дејност во истиот период.
 
На оваа одлука на натпреварувачката комисија, РК Фуритленд има прво на жалба до Арбитражната комисија на РФМ.

Минатата годиан РК Бисинов супериорно беше првак на Првата лига и влезе во Супер лига. Но тогаш почнаа и превирањата во клубот со промената на името, оспорување за новиот сопственик, клубот половина првенство го играше со играч -тренер, па дел од поискусните ракометари го напуштија клубот. Сето тоа доведе до борба за опстанок.

Врв на се е непознавањето на правилата и заминување во Битола на Куп натпревар со младински состав и девет ракометари. И по толку вложувања, во клубот, во ракометари, истиот да биде суспендиран од Супер лига и догодина да игра во Првата лига. Таму веќе РК Борец,  најави дека од есен планира да го продолжи превенството, оти годинава поради недоволно финансии се откажа од натпреварувањето.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати