Пингпонгарите на ППК Борец есенски прваци во Прва лига

Петар Печков

Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ се есенски прваци во Првата лига. Тие забележаа девет поебди во девет кола и се на врвот во оваа конкуренција. Во последните две кола викендов, победија против екипите на Рисови и Берово 2 со по 4:1. Претходно се одиграа и три натпревари од претходниот викенд, каде повторно победи забележаа велешани, против Берово 1 со 4:2,  против Пелистер исто со 4:2 и против Телеком НЕЦ со 4:0. Велешани се надмоќно први со само девет изгубени сета. Есенската титула ја освоија следните играчи -Вили Ангелов, Васко Манасијески и Христијан Јованов. Во екипата учинок земаа и  јуниорите: Лука Стојанов, Матеј Стојанов и Димитар Николов.

Минатата година 2024, велешките пингпонгари играа бараж за влез во Супер лигата, но беа поразени.

ППК Борец на почетокот на 90-тите години неколку сезони беше член на најквалитетната Македонска пингпонгарска  Прва лига. Тогаш за клубот  нстапуваа Љупчо Попов, Димитар Карајанов и Зоран Јанков.

Првенството продолжува напролет. Лигата брои 10 екипи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати