Петар Печков
Објавено: вторник, 02 декември 2025
Во тек е реконструкција на помошното фудбалско игралиште во Градски парк. Се врши отстранување на констатираните неправилности, во однос на предложениот проект, поради што локалната власт одбиваше да го прими, оти истото не е завршено.
„Во тек се работи на санација на теренот. Се поставува нова земјена површина, трева. Очекувам дека работите ќе завршат до пролет и од есен тука да се играат натреварите од Општинската фудбалска лига. Наидовме на разбирање на новото раководство на ФФМ и во интерес на градот, конечно да да се користи овој терен“ – рече Трајче Шопов претседател на ОФС Велес. Работите ги изведува Делта пром.
Градежните работи за реконструкција на игралиштето започнаа на 2 јуни 2021 година. Инвестицијата беше 400 илјади евра, средства од УЕФА, а рокот на изведба една година. Беше најавено поставување на 1.125 седишта и рефлектори за осветлување, но не и за одигрување на ноќни натпревари.
Градоначалникот Марко Колев пролетва изјави дека теренот е нефукнционален и значително отстапува од првичните проекции. Доколку констатираните недостатоци се отстранат би се извршил прием од страна на Општина Велес.
