Тројца велешани со пиштол ограбиле тројца бегалци од Сирија

Петар Печков

СВР Велес  поднесе кривична пријава против К.Г. (24) од Велес, поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ над три сириски државјани .

 Според полицијата настанот се случил на 27 ноември минатата година,  на железничката пруга Гевгелија - Велес, во близина на вливот на реката Бабуна во Вардар.  К.Г.  заедно со уште две засега непознати лица, ги пресретнале тројцата сириски државјани и им се претставиле како полицајци, по што побарале од оштетените да им ги дадат парите.

Еден од разбојниците  им се заканил со  пиштол, го репетирал и им наредил да легнат на земја, по што ги нападнал,  удирајќи ги со раце и нозе по телото. Откако легнале на земја на тројцата емигранти им одзеле 600 евра и четири мобилни телефони, по што  разбојниците се оддалечиле во непознат правец.  

Тие сториле материјална штета на сириските државјани од околу 60 000 денари а полицијата трага по другите двајца строители.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати