Наградата Андреја Дамјанов за 2014 за архитект Вера Ќосевска

Петар Печков

Архитектката Вера Ќосевска (85) е годинашен добитник на наградата "Андреја Дамјанов" за животно дело и за особени достигнувања во областа на архитектурата и на градителството.

Таа и беше врачена во вторникот вечер во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Скопје.  Наградата ја доделува  Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и таа  е за животно дело и особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. 

Според  претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, творештвото на архитект Вера Ќосевска е бескомпромисно, без манипулации, дилеми, недоречености, творештво без интрига. 

Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата, нејзиниот претседател архитект Ѓорѓи Константиновски  редеч дека „Вера Ќосевска е една од носителите на современата архитектура во Македонија“,

„Творештвото на Вера Ќосевска нè потсетува зошто сме одбрале да се занимаваме со архитектура. Пред нас се простира едно обемно творештво кое собрано на едно место претставува учебник за архитектонско проектирање. Архитектура ослободена од вишок, од сензација која создава пријатно чувство и спокој“, пишува во образложението на комисијата што ја доделува наградата.ата за наградата ја донесе петчлено жири. 

Заблагодарувајќи се на наградата, Вера Ќосевска изјави дека архитекурата секогаш бара целосна посветеност и вложеност, познавање на минатото, но и следење на новите текови. 

Секоја награда значи успешно завршена работа во која било област од творештвото. Во животот имам добиено многу награди, и секоја од нив, сама за себе, си има значење, но наградата за животно дело 'Андреја Дамјанов' за мене има посебно значење, бидејќи тоа е награда за целокупниот мој творечки опус и придонес во архитектурата", рече архитектката Вера Ќосевска.

Таа истакна дека архитектурата секогаш барала и ќе бара целосна посветеност и вложување во струката, познавање на минатото и следење на развојот на целокупната светска архитектура, а тоа, секако, останува на новите генерации кои треба да создаваат објекти достојни за почит.

Hејзиниот богат творечки опус, кој вклучува 150 проекти, од кои 80 отсто спаѓаат во станбената архитектура и подобрување на живеењето на луѓето, и од секој од нив зрачи духот на модерната архитектура.

Нејзини дела се ГТЦ Солун во Гевгелија, Градски ѕид Скопје, Населбата 11 Октомври Скопје, Театарот на народностите Скопје, Хотел Југо Гевгелија, Хотел Панорама Радовиш, Полициска станица Гази баба Скопје, Педагошка академија Штип, Основен суд Охрид,

 фотографиите се од Порта 3

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати