Лила Арсова ја промовираше нејзината осма книга, сите наменети за деца, „Детските мечти“

Петар Печков

Велешката авторка, Лила Арсова, денес на 2 април, Светскиот ден на литературата за деца, ја промовираше нејзината осма книга. Таа е насловена „Детските мечти“.

„Сите мои дела се наменети за децата и младите, иако книгата нема возрасна граница за која публика е наменета. Уживам додека ги пишувам, уживам додека ги читам, уживам додека ги раскажувам“ – кажа Арсова која е одделенски наставник  во подрачното училиште на ОУ Васил Главинов во населба Превалец.

Книгата „Детски мечти“ е наградена на конкурсот  „Пелистерски ракувања“ од  Битола.    Промотор на книгата беше проф. д-р. Васил Тоциновски.  

„Новата книга на Арсова е концепт кој нуди седум приказни, бајки, за седум дена, или за секој ден од седмицата по една. Во книгата централна личност е детето, кој е секундарна појава, бидејќи се околу него е главната тема која ја интересира авторката. Тоа се домот и семјеството, традицијата, пријателството. Детските мечти се филозофија за пријателство и другарување на детето со животните, растителениот свет“ – кажа Тоциновски.

Промоцијата беше во организација на Клубот на писатели “Коста Солев Рацин“ од Велес и Локална библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати