Јордан Ѓорчев подари дел од неговите дела изложени во Ликовниот салон во Велес, на велешка болница и болницата Јасеново

Петар Печков

Дел од делата кои беа изложени на изложбата  „Храбриот нов свет“ во Ликовнито салон во Велес, авторот Јордан Ѓорчев од Свети Николе ги подари на две здравствени институции од Велес. Поводот за ваквиот чин на Ѓорчев е услугите кои жителите на неговото родно Свети Николе ги користат од  Општа болница Велес и Специјалната болница за белодробни заболувања Јасеново.

„Мотивот поради кои делата ги подарив на овие две јавни здравстени установи е бидејќи тие не се локални, и нивните услуги ги  користат моите сограѓани од Свети Николе вклучувајќи ме и мене. Јас сум многу задоволен од третманот и услугите, па одлучив дел од делата да ги подарам. Тие ќе бидат поставени по просториите од болниците и ќе ја разубават средината па пациените ќе се чувстуваат пријатно“ – кажа Ѓорчев.

Двете институции добија по шест дела, кои директорите сами ги одбраа.

Донираните дела се  акрил на платно, создадени минатата година, спаѓаат во апстрактен експресионизам. Авторот  Ѓорчев е дипломиран правник  и е книжевник, карикатурист, ликовен уметник и основач на Славјанскиот универзитет во Свети Николе. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати