И натаму висока бројка на нови случаи со ковид-19 во велешко, едно починато лице

Петар Печков

Едно починато лице од Велес  на 77 годишна возраст, по компликациите од ковид заразата регистрираше Институтот за јавно здравје. Лицето билo на лекување во Скопје. 

Здравствениот билтен  за изминати 24 часа покажа дека во Велес и велешко има 19 нови случаи и 14 оздравени. Или во велешко има активни 252 случаи. Бројот на почините лица од велешко, како последица на корона вирусот достигна до  191 пациент.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани  60 пациенти,  од кои  38 биле потврдени позитивни, шест  сомнителни  и 16 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 32 пациенти. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

Згрижени на Инфективно одделение се   36 пациенти, во Модуларната болница 17 и на Интерно одделение седум.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати