„Силно светнал ден“ и пред велешани (фото видео)

Петар Печков

Вчеравечер во Велес  беше  караванот со музичко-сценскиот настан „Силно светнал ден“, одржан по повод 35 години независност на Македонија. Се одржа во паркот пред зградата на Општина Велес, каде три часа присутнтите ги забавуваа 30-тина македонски уметници. Низ програмата водеа Игор Џамбазов и Драгана Левенска. 

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски настан режиран до Дејан пројковски, со музика во живо изведена од македонскиата филхамонија, беше раскажана приказната за 35 години независност, потенцирајќи ги  најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении. 

Во Велес меѓу другите настапија Адријана Јаневска, Дарио, Тони Зен,  Вера Милошевска од Љубојна, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Бојан Стојков,  Дарко Гроздановски, Димитар Атанасовски, Ана Петановска, Огнен Здравковски, велешаните Орхидеја Дукова и Сашко Костов .. за да заврши со дуетската изведба на „Љуби ме и главата горе“ со  Ана и Игор Дурловски. 

фото: Општина Велес /Влада на Северна Македонија

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати