Петар Печков
Објавено: петок, 25 септември 2026
Општина Велес ја соопшти целосната програма нa годинашнава Питијада. Освен веќе познатите гости кои ТрМр ги објави, Влатко Лозановски, Наташа Беквалац, Давид Темелков и Црвена јабука, новите имиња се:
петок велешанецот Тони Андреев, Влатко и Златко Миладиновски,
сабота Марија Спасовска, Ана Петановска, Александар Тарабунов
и в недела на 11 октомври Благица Павловска и Антониа Гиговска.
Местото на одржување е пред Панини, три дена 9,10 и 11 октомври.
Во тек е јавниот повик за конкурирање за локација на штандовите за угостителите.
