Петар Печков
Објавено: вторник, 29 септември 2026
Позната е цената на питата пастрмајлија за велешката Питијада. Договорената цена меѓу организаторoт Општина Велес и угостителите е 270 денари,, со тоа што тие се со унифицирана големина и тежина на брашно, месо, јајца. Ланксата цена на питата беше 250 денари.
Локалната власт објави и новина за годинава, ќе се избира најдобра пита пастрмајлија. Тоа е во соработка со „Гастро мак“ - здружение на готвачи од Македонија, кое организира гастрономски манифестации и натпревари. Жири од светски познати мјастори на кујната доаѓаат во Велес, 15 на број. Тие по избор на случајно купени пити од тие на штандовите, ќе ја изберат најдобрата пита, според нивните стандарди и вкусови.
Меѓу мајсторите на кујната, како дел од жирито најавени се и Стево Карапанџа, Уве Мишел, Драгица Лукин и други 12 познати лица. Тие доаѓаат од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Германија, Кипар, Турција, Азербејџан, БиХ, Италија. Настанот ќе се случува недела, 11 октомври со почеток во 12 часот пред главната бина.
Во првите години на оваа манифестација, на почетокот од 2000-тата исто така се избираше надјобра пита, но според гласовите на гостите. Бидејќи имаше нездоволни угостители од изборот, оваа пракса на избор на најтита, по 3-4 години се напушти.
