Шумата на моето дрво награден на Фестивал во Трговиште Романија

Петар Печков

Претставата „Шумата на моето дрво“ во продукција на независната театарска компанија „Северно од Импакт“ е добитник на наградата за најдобра претстава на мала сцена на меѓународен театарски фестивал „Бабел“ кој се одржа  во  Трговиште Романија.

Учествувале престави од Алжир, Англија, Молдавија, Јужна Кореја,   Австралија, Франција, Германија,  Иран, Израел, Италија, Казахстан. Холандија,  Полска, Португалија, Русија,  Шкотска,  Шпанија, Украина, Унгарија, Македонија  и домаќинот Романија.

Годинава официјалната тема на фестивалската програма беше насловена „Звук“.  Фестивалот се одржа од 2-ти до 11-ти јуни а учествувале  театри кои настапувале на големата сцена, на мала сцена  и отворено. 

Наградата за големата сцена ја добила претставата ,,Медеја,, од Иран,  додека за настап на  отворено ,,Кис Зибек,, на театарот од Казахстан, додека наградата  на фестивалот ,,Тони Буландара,, ја добила претставата од  Краков,, Хорот на децата без родители,,. 

Биле доделени и награди за актер, актерка  и режисер.  Режисер на претставата која доби награда за мала сцена, „Шумата на моето дрво“   е Александар Ивановски, а во неа настапува актерот Васил Зафирчев со музичка поддршка на  композиторот Сашко Костов.

Во неа се користат извадоци од драмски текстови на Сашо Димоски.  „Шумата на моето дрво“ е претстава создадена од звуци, зборови и пулсирачки мускули што  отвора поглед кон еден нестабилен свет. Таа е ноќна одисеја низ стомакот на една шума која умира, на еден човек што се обидува да најде смисла во својот живот и во својот статус како туѓинец.

Претставата „Шумата на моето дрво“ е реализирана во копродукција со Театарот „Јордан Х.К. Џинот“-Велес, на чијашто сцена се одржа премиерата на крајот на април оваа година. Учеството на фестивалот „Бабел“ е прва изведба на претставата надвор од Македонија.

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати