Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јули 2025
Вчеравечер, четири часа пожарникарите го гаснеле пожарот, кој зафатил објект во Бузалково. Според првичните проценки направена е значителна материјална штета.
„На ден 21 јули во 21:15 примена е дојава за запален објект во Бузалково. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две преотивпожарни возила и четири пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза поради тоа од местото е побарано дотур на вода од 2 противпожарни возила и двајца пожарникари. Во пожарот има причинета материјална штета“ – информираа од ТППЕ Велес.
Пожарот бил локализиран во 01,15ч. Додаваат дека благодарение на брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири кон останатите објекти. За пожарот информираа и од велешката полиција.
„На 21 јули околу 21.15 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Бузалково, велешко, настанал пожар во плац сопственост на Џ.С.(49 год) во кој биле опожарени трактор, балирачка машина за садење тутун и голема количина на тутун и јачмен.“- соопштија од СВР Велес.