Чашкарец уапсен оти се сомничи дека подметнал пожар кај Еловец

Петар Печков

Неделата попладне жител на Чашка кој имал имот во оризниците кај село Еловец, запалил стршниште а огнот се проширил во комшиски блок. Повеќе од информацијата на велешката полиција. 

„На 15 март  во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ж.Ј.(36 год) од Чашка. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот на место викано „Оризи“ во атар на село Еловец, општина Чашка, запалил стрништа во неговиот блок и предизвикал пожар кој се проширил и зафатил сува трева на соседниот блок“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

Дополни дека повредени лица нема, а пожарот сам се изгаснал.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати