Татко и син се степале во алкохолизирана состојба

Петар Печков

Вчеравечер, четврток,  во населба Керамидна уапсени татко и син, кои меѓусебно се степале а биле и во алкохолизирана сосојба. Деталите од информацијта на велешката полиција.

„На 26 март во 19:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишен велешанец и неговиот 58-годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес физички се пресметале. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили алкохол во крвта, а кај неговиот татко биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол ан СВР Велес.

Лицата  биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот  полицијата ќе поднесе соодветни пријави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати