Жител на Горно Оризари е уапсен откако управувал возило а немал возачка дозвола

Петар Печков

Вторникот попладне сообраќајната полиција открила возач кој го урпавувал автомобилот а немал положено за возачка дозвола. Детали од информацијата на велешката полиција.

„На 31 март во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.А.(38 год) од село Горно Оризари, велешко. При сообраќајна контрола на локален пат село Клуковец – село Горно Оризари, велешко, било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.А. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати