Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, и Фолклорниот фестивал без денар поддршка, од годишната програма на министерството за култура

Петар Печков

Министерството за култура  ја објави годишната програма за финансирање на програми од национален интерес. На листата ги нема театарскиот фестивал ,,Стоби,, и Фолклорниот фестивал Велес,, за кои локалната власт  конкурирала, предвидела средства во општинскиот буџет, но не добила од државниот. 

Од тие кои добија средства е локалната библиотека ,,Гоце Делчев,, 30 илјади денари за снимање аудио книги,  Општина Велес за меѓународна скулпторска колонија Велес  со 200 илјади  -општина Велес .

За 57-те  Рацинови средби за кои конкурираше Општина Велес одобрени се од Министерството за култура  380 илјади денари што е далеку помалку од средствата кои ги добија два фестивали Охрид Фест и Охридски трубадури по 800 илјади денари. 

На Народниот музеј му се одброени средства за организирање на четири ликовни изложби на Ангел Коруновски, Илко Стефановски, Марјан Стојановски, Александар Таневски, а средства  индивидуално доби 20 илјади денари   Антонио Јаневски со Неславни приказни. Здружението Стоби Еду - доби 800 илјади денари за Истражување на Римскиот град Стоби преку мобилна апликација за виртуелна реалност  800 илјади. 

Четири проекти на Народен музеј Велес се прифатени и финансиски поддржани:  Во светот на сенките - Изложба на движен археолошки материјал од локалитет Кале /Градиште - село  Згрополци, Археолошко истражување на локалитет  Кале - село Стари Град  и двата со по 200 илјади денари,  Конзервација на предмети од античката збирка на ЛУ Народен Музеј Велес  и Увид и евиденција на камени споменици на подрачјето на општина Велес , Градско и Чашка и двата со по 100 илјади денари. 

Финансиски е поддржана и манифестацијата „21 август, ден на Општина Чашка“ со  50 илјади и Пролетна културна манифестација Фолклоријада Градско со 30 илјади денари.  Финансиска поддршка доби и КУД Керамичар за „Концерт Свети Кирил и Методиј“ за што им се одобрени 100 илјади денари. 

На Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес , му се прифатени осум проекти: за стрип библиотеката доби 50 илјади денари, за  цртање на муралот како културна и туристичка знаменитост на Велес  80 илјади, за списанието ,  „Стрип креатор“ бр.31 и бр.32 - 30 илјади денари. Одобрени се и пет стрип книги:  Скендербег - 50 илјади, Македонски стрип алманах - 50 илјади,  Визуелна хроника на македонскиот стрип 2000-2007 - 70 илјади,  за Кирил и Методиј -50 илјади,   сликовница „Лили и тигарчето Вили“ - 65 илјади денари. Но иако аплицирале финансиска поддршка не доби меѓународниот стрип салон. 

Од министерството објавија дека националните институции треба сами на нивните веб страни да објават кои програми им се прифатени. Ова се однесува и на велешки театар, кој има обврска да објави кои и колку претстави ќе бидат финансирани од страна на Министерството за култура во оваа 2020-та година, кое за тоа писмено ги известило.  Истото се однесува  и за НУ Стоби, кои проекти годинава се финансирани и со колку средства.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати