ФК Борец го зголеми водството во Третата лига Југ

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец со победа го зголемија водството во Третата лига Југ, откако ова коло ФК Превалец како втор, беше слободен. Најстариот велешки клуб славеше дома со 2:0 (1:0) над ФК Тополка во локалното дерби.  Bтора победа  пролетва за ФК Башкими од Горно Јаболчиште, го победи тимот на ФК Бучим од истоименото крушевско село, кој е сосед на табелата. 

По ова 16-то коло ФК Борец е на врвот со 40 бода а ФК Превалец е втор со 34, ФК Башкими направи голем скок од дното до 7-то место со 18 бода, а ФК Тополка е 10-та со 14 бода. 

Во следното коло ФК Борец повторно игра дома, овој пат противник е ФК Млекар од Прилеп кој е 11-ти со 13 бода, ФК Превалец гостува во прилепско Кривогаштани кај ФК Младост кој е 9-ти со 15 бода. ФК Башкими гостува кај петтопласираниот ФК Росоман додека ФК Тополка игра дома со ФК Венец од неготински Долни Дисан кој е 4-ти со 31 бод.

Започна пролетниот дел од првенството на Општинската фудбалска лига. Во трите натпревари постигнати се следните резултати:

ФК Раштани – ФК  Согле 0:0
ФК Форца – ФК Врановци 1:1
ФК Локомотива – ФК Младост 2:0
Слободна беше екипата на ФК Горски
                  
                             ТАБЕЛА
1. ФК ВРАНОВЦИ         7     5    1     1     20:7    16
 2. ФК. МЛАДОСТ         7     5    0     2    19:13    15
 3. ФК ФОРЦА НОВА     7     4    1     2    21:12    13
 4. ФК СОГЛЕ               7     3    1     3      9:13    10
 5. ФК ЛОКОМОТИВА    7     3    0     4    10:18      9
 6. ФК РАШТАНИ          7     1    1     5      7:18      4
 7. ФК ГОРСКИ             6     1    0     5      9:14      3

              Во следното коло играат:
ФК Врановци –ФК Раштани
ФК Согле – ФК Локомотива
ФК Младост – ФК Горски
Слободна е екипата на ФК Форца нова

фото ФК Башкими

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати