Јуниорот Смилев 21-ви на Европското првенство во кајак на диви води, за млади категории

Петар Печков

Младиот Кристијан Смилев го освои 21-то место на Европското првенство во кајак слалом на диви води, кое се одржува во француски Епинал. Тој денес претпладнево, петок,  веслаше во полуфиналето, каде меѓу 30 кајакари јуниори го освои 21 место, со заостаток од 9,40 секунди зад најдобропалсиранито а 5,70 зад 12-то пласираниот, пласман кој носеше финале. 

Тој во квалификациите беше исто така 21, пласман кој му обезебди полуфинале. Во првата трка веслаа 68 учесници јуниори.  Меѓу нив беа и Филип Петрушев -47 место , Павел Димовски 51. Со нивниот пласман го завршија уечството по една трка.   Европски првак стана  Германецот Јакоб Унгари. 

Во возрасната категорија до 23 години веслаа Стефан Рибарски кој беше 35-ти а Илија Ѓорѓиев 46-ти, меѓу 55 учесници. Со ова завршија настапите на овие двајца македонски репрезентативци. Европски првак е Отизa Унаи од Франција

Јуниорската екипа 3хК-1 веслаа и меѓу 20 учесници се пласираа на 11 место, со 25 секунди заостаток зад победникот репрезентативците на Полска. 

Во возрасната категорија до 23 години Македонија во 3хК-1 беше последна 16-та од исто толку учеснички.  Сите шест учесници, македонски репрезентативци се членови на велешките кајак клубови. 

На Европското првенство во кајак на диви води, слалом  за млади категории, за јуниори и до 23 години, кое се одржа во Франција, не настапи најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушевски поради повреда. 

Последен настан за кајакарите е Европското првенство кое ќе се одржи при крајот на септември во Ивреа Италија. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати