35 велешки спортисти и наставници на регионалните Плазма спортски игри во Сплит

Петар Печков

На регионалните „Плазма спортски игри за млади“  ќе учествуваат 35 ученици и наставници од Велес. Тие веќе се во Сплит, Хрватска каде ќе се одржат овие игри oденес понедленик до недела23 август.

Од Македонија учествуваат 240 учесници, натпреварувачи и наставници.   Учесниците од Велес се  ученици од основното образование  кои обезбедија учество преку претходните фази од натпреварувањата. 

Велешките претставници ќе настапат во следните спортови и дисциплини:
ОУ „Панко Брашнаров“ – тенис- женска конкуренција и атлетика- машка конкуренција;
ОУ „Блаже Конески“ – атлетика- женска конкуренција и народна топка 2017;
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – ракомет -машка конкуренција, како и одбојка на песок во машка и женска конкуренција.

Учеството на  претставниците од Велес е резултат на  нивните успешните настапи на „Плазма спортски игри за млади“, како и на ангажманот на учениците, нивните наставници и училиштата.

Организзатор на настаните кои се одржаа во Велес беше Сојузот на училиштен спорт Велес 2002, кој  им посак успешни настапи и многу убави спортски моменти на сите кои ќе бидат дел од ова големо регионално спортско дружење каде ќе учествуаат натпреварувачи освен од Македонија и од БиХ, Словенија, Србија и Хрватска. Годинава за прв пат ќе има и 204 деца од Украина. 

Очекуваме дека нашите млади спортисти достоинствено ќе го претстават Велес, своите училишта и Македонија, а покрај спортските резултати, од Сплит ќе понесат нови пријателства, искуства и спомени.

Во Сплит се најавени амбасадорите на СИМ, познати спортисти и гости, меѓу кои: Александар Чеферин, претседател на УЕФА, Златан Ибрахимовиќ, Горан Иванишевиќ, Луис Фиго, Ана Ивановиќ, Жељко Обрадовиќ, Славен Билиќ, Еторе Месина, Предраг Мијатовиќ, Немања Видиќ, Александар Коларов,  Дарио Срна, Немања Матиќ, Дино Раѓа, Никола Карабатиќ…

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати