Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2026
Тоа што ТрМр претходно го обајви дека на територијата на велешко утрово нема регистрирано земјторес, го потврдија и од Центарот за управуавње со кризи. За потсетување претпладнево повеќе медиуми лиферуваа непотпишан и непроверен текст дека во Велес имало земјотеес од 2,1 степен по Рихте во 6:53ч. на длабочина од 5 км.
„Центарот за управување со кризи, од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, нема пристигнато информација за регистриран земјотрес во околината на Велес утрово во 06:53 часот со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала“ пишува во одговорот по поставеното прашање од ТрМр.
