Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2026
Во информација која беше објавена од неколку медиуми, утрово во 6:54 ч пишува дека во околината на Велес имало земјотрес. Прецизирано е дека бил со јачина од 2,1 степен по Рихтер, на длабочина од 5 км.
Епицентарот бил регистриран на координати 41,11 степени северна географска ширина и 22,39 степени источна географска должина, во областа на централна Македонија, во близина на Велес. Информацијата нема извор од каде е преземена.
По проверка на фактите состојбата е следна.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ денес четврток 9 јули нема регистрирано земјотрес на територијата на Република Македонија. Последен е тој од 3 јули во Охрид. (види фото)
Ниту Euro-Med Seismological Centre (EMSC) на нивната веб страница нема податок дека во Велес денес имало земјотрес. Последен кој тие го регистрирале а е во близина на Велес е од 2024 година.
