Граѓанска патрола во ноќните часови, за одговорно однесување и почитување на јавниот ред и мир од децата и младите

Петар Печков

Неодамна во  вечерните часови во Велес е реализирана е „Граѓанска патрола“ во рамки на превентивните активности насочени кон безбедноста на младите и одржување на јавниот ред и мир.

Оваа активност била спроведена од  полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС Велес при СВР Велес, заедно со претставници од Советот на општина Велес, Локалниот совет за превенција, Општинскиот совет за превенција од детско престапништво и Центарот за социјални работи Велес. 

„Како дел од активностите  беа посетени места каде има зголемено присуство на малолетни лица, како паркови, игралишта и сл.. При тоа, на малолетниците им беше укажано за потребата од совесно и одговорно однесување и почитување на јавниот ред и мир, а особено внимание беше посветено на превенцијата од меѓу врсничко насилство, вандализам и несаканите последици од употреба на алкохол и психотропни супстанци“ – соопштија од МВР.
 
Овие активности имаат за цел да се зголеми безбедноста на младите и да се избегнат ризиците од опасностите преку зајакнување на меѓу институционалната и соработката со локалната заедница.

 фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати