Петар Печков
Објавено: недела, 11 јануари 2026
Две лица им украле на две вработени во здравствени установи, платежни картички и со нив извршиле плаќање во продавници. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 10.01.2026 во 14:15 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.А.(36 год) и Ѓ.Д.(40 год), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека од просторијата која ја користат вработени во здравствена установа во Велес, одзеле паричници во кои имало пари, платежни картички и лични документи, сопственост на 53-годишната С.Д.Н. и 34-годишната П.Т., двете од Велес, со платежни картички се обиделе да извадат парични средства од банкомати, а Д.А. во продажно место извршил неколку трансакции“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственичките. Д.А. и Ѓ.Д. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото интернет
