Според вештото лице, зградата на Работнички универзитет паднала поради ископот на градежната јама

Петар Печков

Причина за рушење на зградата на Работничкиот унвиерзитет во Велес е ископот на градежната јама веднаш до градежниот објект. Ова го констатирало вештото лице  д-р Владимир Витанов, професор на Градежен факултет од Скопје во наодот за рушењето на објектот. 

„Дека градежната јама е ископана веднаш до објектот може да се види и од увидот кој го извршив на лице место. Дополнително имавме  и фотографии, доставени во доказите, направени од  увидот на полицијата. Особено на фотографија три од страна пет, доставена до нас, каде се гледа ископот  дека е веднаш до објектот“ – кажа Витанов, како сведок во судскиот процес кој се одвива во Основен суд Велес.

Претходно надзорот, како и проектантот кажаа дека е при ископот на градежна јама потребно да се работи со кампади, што во овој случај не било така, туку исцело се ископала јамата. 

Вториот инвеститор на куќата која се градеше до Работничкиот универзитет во Велес, а по градежните активности кои беа преземени се сруши објектот, со сведочење дека друга фирма не обвинетата ги извела градежните зафати непосредно пред рушењето. Кажа и дека немале проект за заштита на соседните објекти

„Дадов заклетва дека ќе ја зборувам вистината и ќе кажам нешто што не го кажав пред обвинителот, оти сметав дека не е значајно и не треба да го споменам. Тоа е дека дојде некој друг да работи по заминувањето на Беровиќ транспорт. Градежната јама ја копаше Беровиќ транспорт (обвинети во предметот з.а.) работеа три дена и ги повлекова камионите и багерот. Копаа до длабочина до која сакаше Сабит сопственик на Бени Амар.  Проект за заштита на градежна јама и заштита на соседни објекти немавме.   Сабит требаше да ја тампонира, уреди и ја спреми за бетонажа. Таму имаше обрушено некое количество земја и не можеше да се влече водата која ја имаше во јамата. Тоа беше  фирмата Рубин коп, која ние не ја ангажиравме, туку Сабит. Тој работеше многу малку и тоа на другата страна, блиска кон Вардар, а не кон Работничкиот универзитет“ – рече сведокот Абдурахман  Шаботиќ, еден од инвеститорите на куќата која се градеше во соседството на Работничкиот универзитет.   Проектатнот на објектот кажа дека тие обрнале повеќе внимание на куќата во соседството која била лепенка, отколку на Работнички универзитет оти помеѓу нив има поголемо растојание. 

Јавната обвинителка Анастасија Миланова побара од сведокот Шаботиќ да каже дали неговиот потпис е тој од сведочењето во обвинителството, кога не споменал детали кој сега ги соопшти пред судот. Сведокот потврди дека тоа е негов потпис. На ова регираше бранителката на обвинетиот  Рифат Беровиќ, посочувајќи  документ, второ сведочење на Шаботиќ во ОЈО Велес од  20.11.2024 год, кога кажал дека „Работничкиот универзитет не се сруши кога Рифко работеше, туку се сруши  кога Сабит ја започна градбата, кога беше ставена првата плоча“. 

Шаботиќ потврди дека потписот е негов, но  кажа дека имало некои неточности и згрешил во оваа втора изјава, плочата не била ставена. 

Обвинети за рушењето на дел од зграда на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес се Рифат Беровиќ (38 год) како физичко лице  за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“ а правното лице ДТТУ Беровиќ транспорт со одговорно лице Елвид Сарачевиќ  за - Предизвикување опасност при градежни работи. Тие претходно тие кажаа дека не прифаќаат вина за делата за кој се обвинети.  

Според обвинителниот акт, изведувачите како  градежна фирма, лиценцирана за таа работа, знаеле дека пред да почнат со ископ на градежна јама, треба да имаат соодветен проект за заштита на градежната јама, заштита на соседни објекти, и дека во работа треба претходно да биде воведен надзорот. Не биле преземени соодветни мерки за обезебдување на соседите и земјишето. Работеле без проект за заштита на градежна јама и објектите во соседството, започнале со нејзин  широк ископ веднаш до темелите на зградата на Работничкиот универзитет.   

Како последица на ова на критичниот ден, 17 јуни 2022 година, се сруши дел од зградата, која е лоцирана до градежната јама.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати