Уапсен крадец и лице кај кое биле заложено украденото злато

Петар Печков

Двајца велешани се уапсени откако едното лице се сомничи за тешка кражба а второто дека златото било заложено кај него. 

„На 12./13.01.2026 во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес. А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева портпарол на СВР Велес. 

Дел од предметите биле  пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати