Тројца велешки доктори на листата за 100 најдобри за февруари

Петар Печков

Министерството за здравство ја  објавуви на Листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари оваа година,  Од Општата Болнциа Велес  има тројца доктори, Мила Ѓорѓевиќ очен доктор, Нада Јованова физијатар и Кире Марковски  хирург  ортопед.

Тие се рангирани според учинокот за ,,Мој термин,, и се однесува на докторите од секундарното и терцијарното здравство, кои според Министерството се движечка сила во  своите  институции.  

На овој начин се валоризирала работата на докторите ,,кои најмногу се залагале во здравствените институции,,.  Рангирањето е извршено според бројот на прегледи и бројот на операции, кои се евидентирани во Националниот систем на ,,Мој термин,,.  

Како награда тие добиваат паричен надомест во висина на нето плата со сите додатоци на плата за здравствен работник.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати