Три години затвор за момчето кое нападна девојче кај сточното пазариште а на полицајците им се заканувал со секиpа и тесла

Петар Печков

Три години затвор за момчето од Велес, кое нападна дете а потоа и шестмина полицаијци.  С.У.  признало вина и е проглaсено за виновно за две кривични дела, кои ги стори на 13 јуни во попладневните часови.

За кривичното дело „насилство врз дете“ добил 18 месеци затвор а за „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ добил две години затвор или за двете дела му е изречена единствена казна затвор од три години. Момчето останува во притвор до правосилноста на пресудата, но не подолго од 60 дена.  

С.У. делото го стори на  13 јуни околу 18 часот, на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, физички нападнал деветгодишно девојче  при што напаѓачот употребил и метален предмет и ја удрил по глава. Кога детето паднало, тој по земја ја влечел за коса. шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, а обвинетиот  им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Сторителот се дал во бегство а полицијата  уште два пати пукала во воздух, а  беше недостапен два дена.

С.У. беше осуден како малолетник на шест години затвор за напад на Јапонски туристи кај Катланово, на 1 мај 2018 година. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати