Тринаесет млади велешки спортисти, репрезентавици ќе добиваат спортски стипендии за 2026 година

Петар Печков

Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци.

Свеченото доделување на стипендиите се одржа во Македонската опера и балет, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“.Финансиска поддршка од државата преку проектот „Спортска надеж“, добиваат спортисти на возраст до 20 години кои се македонски репрезентативци, членови на националните селекции до оваа возрасна категорија во сите спортови.

Меѓу нив се и 13 млади велешки спортисти, чии имиња ги обезбеди ТрМр со помош на Министерството за спорт.
Александар Славков ракомет
Стефан Рибарски кајак
Кристијан Лазаров кајак
Кристијан Смилев кајак
Благој Гугинов кајак
Илија Ѓорѓиев кајак
Филип Петрушев кајак
Марко Поп Тодоров карате
Драган Ставрев  одбојка 
Дарко Жабев одбојка
Стефан Прпев тенис
Александар Ристовски велосипедизам
Христијан Николиќ велосипедизам

Овие млади спортисти ќе добијат 10 месечни стипендии во висина од 8.000 денари од Министерство за спорт.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати