Петар Печков
Објавено: недела, 11 јануари 2026
Трет ден по ред високо е нивото на реката Вардар низ Велес. И натаму има прелевање во центарот на градот, на кејот. Последната соопштена вредност беше во петокот кога хидрологија при УХМР соопшти дека е 182 цм. Просекот за јануари е 86 цм.
Од УXМР преку соопштение информираа дека висок е водостојот на ректа Вардар во горниот дел од сливот. Висок е водостојот на реката Треска. Вечерва се очекува намалување на овие две реки, Треска и на Вардар во горниот тек, или во Велес тоа намалување би се почувстувале утре попладне.
Засега нема пријави за поплавени површини во велешко
