Петар Печков
Објавено: среда, 24 декември 2025
На свечена седница на крајот од годината, Општина Велес ги наградува најуспешните за годината што изминува, за 2025. Се испорача и честитката за Новата 2025 година, од заменикот градоначалник Елизабета Митревска Анѓелеска.
„Ви посакувам многу здравје, бидејќи тоа ни е најпотребно. Без здравје сме ништо, здрав човек е среќен човек. Да бидеме подобри луѓе во периодот кој следува“ – порача Митревска Анѓелевска.
Taа кажа дека со овие признанија, на добитниците им се дава рака за нивниот ангажман и што ја направиле горда општина.
Годинaва признанија добија Звонко Карталов хуманист на Велес со најмногу крводарувања 117, Нихад Бајровиќ најуспешен пожарникар, Игорчо Петровски за најуспешен полициски службеник и Зоран Силјановски-раковдител на оддел градежништво при сектор водовод во ЈКП Дервен за најуспешен комунален работник.
Признанија добија и Орце Николов од ОО на Црвен крст Велес, д-р Лили Чолакова Дервишова матичен лекар, д-р Гоце Бузалков и Петар Печков, за нивниот ангажаман на 16 март во Кочани.
На свеченоста беа доделени и стипедниите за ученици и студенти.
Беа врачени и признанија за вработени од Општина Велес, кои годинава одбележуваат јубилеј 20 и 10 години работа, како и за пожарникарите со 20 години работен стаж.
