Може ли некогашниот хотел Вила Зора да биде старечки дом

Петар Печков

Што се случува со изградбата на старечки дом во Велес, кој беше најавен како крупна инвестиција, праша Ѕвезданка Пешиќ, на седница на Советот. 

„Имав ветување дека некогашниот хотел Вила Зора ќе биде старечки дом. Работите околу тоа се вака.  Министерството за труд и социјална политика и млади  има правилник за стандарди за старечки домови.  Собите од поранешниот хотел не ги исполнуваат стандардите. Има работна група составена од членови на Министерството и од Општината, која треба да ги разгледа тие отстапки и дали  може објектот да се  користи и даде на јавно приватно партнерство, дали да се даде под кирија, дали  државата да го отвори како старечки дом. Конкретно проблемите е дали ходникот ги исполнува стандардите, лифтот, собата, ве-цето, за лица кои се во инвалидска количка треба да има дополнителни држачи.  Од идејата не се откажуваме. Има и две приватни иницијативи за старечки дом во Велес, едната во Башино Село која е во понапредна фаза и втората е кај населба Превалец. Сепак потребен е државен каде и општината ќе има свој удел“ –рече Марко Колев, градоначалник на Велес.  

Во Македонија има пет јавни домови: ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – 111 легла, „Зафир Сајто“ – 197 легла, „Киро Крстески Платник“ – 150 легла, „Сју Рајдер“ – 150 легла и „Д-р Иван Влашки“ – 67 легла.

Во 2025 година, Берово доби 28 нови легла. Министерството има потпишано договори за нови домови и адаптација на објекти во Пробиштип (54 корисници), Кавадарци (57), Крива Паланка (20) и Кратово (35).

„Основниот проблем на старските домови е недостигот од стручен кадар“, истакнуваат од Министерството.

Цените за сместување во јавните установи се движат од 10.900 до 25.800 денари, зависно од здравствената состојба на корисникот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати