Третото издание на театарскиот фестивал „5ре“ започнува на 18 март со премиерата на претставата „Вечера за глупаци“ на велешки театар

Петар Печков

Третото издание на театарскиот фестивал на комедијата „5ре“ ќе се одржи од 18 до 31 март. Hа него ќе бидат прикажани седум претстави, од нив една е детска. Организатор е здружението на граѓани „Публика плус“ а финансиски поддржан од Општина Велес со 800 илјади денари.  

„Годинава имаме исклучително квалитетна  и богата програма. За прв пат го отвораме фестивалот со претстава на велешки театар, со премиера.  Програмата е поделена во два циклуси, по три претстави неделно“ -  кажа Ненад Витанов еден од организаторите на фестивалот.  

Фестивалот се отвора  на 18 март со  премиерата на велешки театар, претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов, на 22 ќе се одигра претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар,  „Мој термин“ на МНТ во реќија ан Синиша Ефтимов  е закажана за 23 март, детсакта претстава “Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци за 25 март, чиј приход од билетите ќе биде хуманитарен, „Секс и лаги“ на Кумановски театар е на 29 март, „Женидба“ на Штипски театар  во режија на Љупчо Ѓоргиевски ќе се игра на 30 март и на    31 март фестивалот се затвора со „Стенд ап со Сашко Коцев’.

Организаторот му се заблагодари на Драган Миладиновски, што ја отстапи фотографијата на Петре Прличко, од претставата „На сечило“ која се одиграла во велешки театар.   Таа била негова последна театарска и филмска одиграна ролја и со неа ја добил наградата за животно дело  на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати