Третото авионско прскање против комарци во Општина Велес ќе се изврши понеделник рано наутро

Петар Печков

Tретото авионско третирање против комарци за годинава, во Општина Велес ќе се изврши на 10 август 2026 година –понеделник, во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, соопштија од Општина Велес. 

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредуваат од локалната власт. 

Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција, кој бил одобрен од Министерството за здравство на Република Северна Македонија. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати