Трет случај на Западно нилска треска во Велешко, лицето е од село во Општина Чашка

Петар Печков

Жител на село од Општина Чашка, на 72 годишна возраст е третиот случај на Западно нилска треска во велешко.  Тој е регистиран на 18 септември од страна на Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ). Вториот случај беше регистиран на 10 септември кај жител на велешко село на 55 годишна возраст. Овие две лица се уште на лекување. Првиот случај од Велес беше регистиран во мај месец. 

Оваа седмица има регистрирано пет  нови случаи, освен во Велес и три во Скопје, еден во Тетово.  Од почекокот на епидемијата со западнонилска треска, заклучно со 22 септември, во земјава се регистрирани вкупно 70 случаи. Од впупниот број случаи, кај 68 била регистрирана невроинвазивна форма на болеста и биле хоспитализирани. 

Починати се 9 пациенти од хоспитализираните. Сите починати се мажи на просечна возраст од 71,1 година. Починатите се од Скопје, а еден е од Куманово. Од вкупниот број регистрирани случаи со западнонилска треска – 63 се пријавени во Скопје, три во Велес и по еден во Куманово, Свети Николе, Кавадарци и во Тетово. Од регистрираните случаи, 52 се мажи, а 18 жени.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати