Петар Печков
Објавено: петок, 25 септември 2026
Пет од 11 контролирани природни чешми и водоводи во Велес и селата, водата одговара за пиење, а во шест таане е исправна.
Анализите на примероците на вода земени од Центарот за јавно здравје Велес на 7, 11 и 14 септември покажале дека водата може да се пие од природната чешма среде Башино Село, од Сливник водата од школото, од водоводот во Иванковци, од природната чешма Шорка, од чешмата среде цело Црквино. Сите тие одговараат согласно прописите за безбедност на водата.
Водата не одговара за пиење од школото во Башино Село, зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на колиформни бактерии – индикатори на фекално загадување на водата. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.
Не одговара ниту водата од хидрофор во Бузалково поради присуство на бактерии-индикатори на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.
Водата во Кулуковец од бунар кај продавница не одговара поради анеробни бактерии и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.
Раштани горна чешма не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа поради зголемен број на аеробни бактерии и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.
Раштани водоводот не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на колиформни бактерии и Escherichia coli-индикатори на фекално загадување на водата. Потребно еда се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.
Водата од природната чешма Пузево трло не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка и физичко-хемиска анализа поради зголемен број на аеробни бактерии и присуство на Escherichia coliиндикатор на фекално загадување и присуство на нитрати над максимално дозволените.
