Трета контрола за пет дена, за брзо возење

Петар Печков

Нова акциска контрола на сообраќајната полиција, трета за пет дена. Овој пат за четири часа на териториаја нa гpадот и околината шестмина возчи возеле побрзо од дозволеното.

За потсетување во идентичлна акција, во петокот и неделата, во празничниот викенд биле констатирани дури 26 прекршока. 

Вторникот на 10-ти септември  во периодот од 7 до 11 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, констатирани се вкупно 13 прекршоци, од кои шест во Велес. Останатите се  три во Кавадарци и четири во Неготино -инфомираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

За констатираните прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.       

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати