Тони Михајловски е добитник на годинашната актерска награда „Петре Прличко“

Петар Печков

Тони Михајлоски е добитник на годинашната награда за животно дело „Петре Прличко“, за актери од средната генерација како што пишува во  конкурсот, која ја доделуваат Општина Велес и велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Одлуката на прес конференција ја објави тричленото жири, во состав  Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски и Благојчо Стојанов, сите актери од велешки театар. Тие потенцира дека Михајловски повеќе од 30 години е дел од македонската култура и уметност, прифатен поради неговата карактеристичност и посветеност.

„Тони Михајловски е пред се актер, но и режисер, текстописец, тв водител. Преку сите овие области тој се етаблира во една од најсестраните личности во македонската култура и уметност, остварувајќи автентични, препознатливи изведби забележани од публиката и критиката. Преку остварените ликови тој испишува голем дел од историјата на театарот. Михајловски е актер кој вредно и трпеливо ја гради својата кариера и прерасна во еден од најдоминантните појави не само на Македонската, туку и на Балканската театарска и филмска сцена. Тони е еден до ретките наши актери, чиј широк актерски распон е препознаен и вреднуван и надвор од домашната продукција“ - кажа Чичевска.   

Наградата на добитникот Тони Михајлоска ќе биде врачена на отворањето на театарскиот фестивал „5ре“ на 20 март, кога ќе биде изведена претставата „Вечера за глупаци“, премиера на велешки театар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати