Тоа што денес се работи во КОД тука, се гледа утре на терен, во работата со сојузниците, порача министерот Мисајловски (фото видео)

Петар Печков

Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ беше одбележана годишнината од формирањето на Командата за обука и доктрина (КОД) чие седиште е во Велес. Во присуство на највисоките воени претставници и Министерството заз одбрана свечено беше одбележана 34 годишнината од постоењето. 

Повод е денот 13 април, кога во Охрид во тамошната касарна стигна првиот македонски регрут, велешанецот Панче Јамандиев.

„Командата за обука и доктрина е место каде што се дефинира начинот на кој Армијата учи, се развива, функционира. Тука се поставуваат основите на секој еден професионален припадник, тука се креираат доктрините и се планира и реализира дел од обуката. Тоа што го работите денес се гледа утре – на терен, во операции и во заеднички активности со сојузниците. Благодарение на вас, нашите припадници се способни да делуваат рамноправно и професионално во мултинационална средина, каде секојдневно покажуваме дека стоиме рамо до рамо со нашите сојузници. Изминатите години Министерството како никогаш досега инвестира во модернизацијата, опремата и развојот на способностите. Вистинската вредност на тие инвестиции се мери преку обуката, колку Армијата е подготвена да ги користи ресурсите ефективно. Во рамките на КОД функционира армискиот полигон „Криволак“ кој е признаен како еден од најважните ресурси на Армијата“ – порача министерот за одбрана Владо Мисајловски.

 „Секогаш сме водени од нашето мото „Секоја вештина бара усовршување“, кажа командантот на КОД Лулзим Нуредини, бригаден генерал  и дополни:

„Преку Центарот за индивидуална обука успешно се реализираат бројни курсеви за професионален развој. Обучени се 152  подофицери и промовирани во прв подофицерски чин како и 293 новопримени професионални војници, кои успешно ја завршија основната обука. Центарот за обука на питомци и офицери  а со поддршка на меѓународни партнери, реализираше лидерски курс, при што 26 млади офицери се стекнаа со современи лидерски и командни вештини.   Центарот за обука и дресура на кучиња успешно обучи водачи и службени кучиња, кои претставуваат важен сегмент во поддршката на воените и безбедносни операции и обезбедувањето на објектите со особено значење за одбраната“- заврши Нуредини. 

„Денес одбележуваме кога пред 34 години на овој ден 1992, стигна првиот регрут на Армијата во гарнизонот во Охрид со што започна реализацијата на вековниот стремеж за сопствена суверена и способна армија. Командата за обука и доктрина претставува централна институционална алка во процесот на планирање, координација и реализација на индивидуалната  и колективната обука. Вие спроведувате трансформација на цивилниот потенцијал во високо обучен дисциплиниран и вредносно профилиран воен кадар, способен за извршување задачи во сложени и динамични оперативни средини. Создавате лидери на сите нивоа на командување, изградени врз принципите на професионализам и лојалност кон уставниот поредок и државните интереси. Армијата ужива високо ниво на доверба кај граѓаните, што е највисока форма на признание за нејзината професионалност и посветеност. Таа доверба е резултат на континуирана, доселдна и чесна служба а вие сте еден од нејзините најсилни столбови“ – кажа   генерал-мајор Сашко Лафчиски, началникот на Генералштабот на Армијата.

На денешната свеченост  беа доделени стимулативни мерки на припадници на КОД за постигнатите резултати во работењето, благодарници на организации и поединци со кои Командата соработува, како и дипломи на екипите кои учествуваа на спортските натпревари организирани по повод Денот на единицата. 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати