Петар Печков
Објавено: среда, 25 март 2026
Неколку часовна борба се случувала во неделата попладне, во близина на Градско-велешко, за се спас на три мали кутриња, кои од непознати причини завршиле во битумен. Тие по шестчасовна спасувачка акција засега се спасени, но нивната задравствена состојба била тешка. Се започнало со повик на социјалните мрежи, на нивната ФБ страница за три мали неколкумесечни кученца, кој случаен минувач ги видел во близина на депонијата од Градско во растопен битумен.
„Ни пиша Никола Аврамов околу 16ч. кој алармираше дека кученцата се заробени во битумен. Веднаш се организиравме, побаравме помош, некој кој знае како да се ослободат од течноста. Се јави Дејан Симонов, вработен во Македонија пат и тој имаше знаење и помогна како да се ослободат. Бевем таму околу 17ч. дојдоа и Никола и тројца негови другари од Градско, па така бевме седуммина, кој ги спасувавме кутрињата, толку спасители не сум среднатал досега. Сите желни да помогнат. Течноста била жешка па се стврднала и не можевме да ги ослободиме. Во интерес на времето кучињата ги носевме кон Велес и со плочи од битумен на нив, кои не можевме да ги отстраниме. Дома во Велес Мери Стојквоа беше повеќе часови со нас и таа силно помагаше“ – кажа Емилија Алексовска од Здружението Гласот на животните од Велес.
Некаде околу два часот по полноќ недела кон понеделник траело пружањето на помошта. Понеделникот утрото заминале за ветеринар во Скопје, со кого соработуваат.
„Кученцата имаат оштетување на кожата, тешка е нивната состојба, но радува што јадат.Тие се премлади, месец и пол возраст, ризикот е голем. Дали ќе се извлечат засега е неизвесно, оти кожата им е оштетена и може различни вируси, бактерии да влезат и да се инфицираат и загрози опоравувањето. Тешко дишеа, крвната слика не е најдобра. Не можам да кажам дека некој ги фрлил во битуменот, но некој и оставиле таму и тие влегле во растопената течност. Тие добиват третман од неколку часовно капење, за да се острани катранот“ – рече Емилија.
Здружението „Гласот на животните“ од Велес во кое таа членува, има тројца волонтери, кои во шелтер центарот изграден од нив, се грижат за бездомните кучиња од Велес. Иако имаат капацитет од згрижување на 40 кучиња, сместени се 90. Работат на обезбедување нова локација за поголем прифат, и таа ќе биде подалеку од градот. Се финансираат од донации на граѓани и фирми.
