Поделени без турканици и гужва 700 оброци Велигденски ручек

Петар Печков

Седумстотини оброци беа поделени бесплатно во Велес за Велигден. Како и претходните шест години, ручекот го обезбеди Гостилница Боем, со донации од граѓани и фирми.  Поделбата беше во Младинскиот парк, порциите беа поделени  за 90-тина минути. За разлика од пред десетина дена кога за бесплатната поделба на 2.000 табли јајца, имаше метеж и хаос, денес граѓаните беа дисциплинирани и оброците ги добиваа без гужва турканици.

“Мотото на нашата  акција е нула гладни во Велес,  и тоа од тие кои имаат повеќе за тие што имаат помалку. Седми пат, седма година донираме празничен ручек за Велигден, бидејќи секој заслужува свечен ручек.  Поделивме седумстотини порции на луѓе кои не можеа да си го дозволат  тоа. Граѓаните беа дисциплинирани чекаа во ред и покажаа висока свест, за што помагаа и волонтери“ – кажа Трајче Мешков, сопственикот на гостилница Боем. 

Дел од празничниот ручек поделија и во дежурните служби во градот, полицијата, службата за Итна помош, Пожарната единица и во велешката болница. При поделбата на Велигденскиот ручек учествуваа и волонтери од Општинската организација на Црвен крст од Велес.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати