Спектаклот „Годзила и Конг, ново царство“ премиерно со светот и во Велес, во 3Д киноверзум (видео)

Петар Печков

Шест филма следните седум дена на репертоарот на 3 киноверзум, до следната среда. Три се премиери

Премиера на спектаклот „Годзила и Конг,новото царство“. Двајца антички титани, Годзила и Конг, се судираат во епска битка додека луѓето го откриваат своето испреплетено потекло и поврзаноста со мистериите на Островот на черепот.


Американската драма, трилер, „Мајчински инсинкт“ е исто така премиера.   Алис и Селин живеат традиционален начин на живот со успешни сопрузи и синови на иста возраст. Совршената животна хармонија ненадејно се нарушува по трагична несреќа. Вината, сомнежот и паранојата се комбинираат за да ја разоткријат нивната сестринска врска.

Третата премиера е анимираниот „Рели на патот на свилата“. Тркачите се натпреваруваат на рели со високи влогови по познатата трговска рута на Патот на свилата.

Хоророт „Бегхед“ е  за млада жена  која наследува запуштен паб и открива мрачна тајна во неговиот подрум - Бегхед - суштество што ја менува формата, што  овозможува да разговарате со изгубените сакани, но не без последици.

Српскиот филм „Јорговани“  ги полни кино салите во регионот, трета неделе е пред велешани. Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и  позадината на филмската и телевизиската индустрија во Србија  ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.

Меѓу најгледаните филмови во светот треата  седмици по ред   е цртаниот „Кунг фу панда,  4 дел“.  Откако По ќе биде избран да стане духовен водач на Долината на мирот, тој треба да најде и да тренира нов воин на змејот, додека злобната волшебничка планира повторно да ги повика сите господари негативци кои По ги победил во духовното царство.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати