Спасувањето на мачорот Арапко

Петар Печков

Во петокот напладне,  членовите на здружението ,,Гласот  на животните,, од Велес го спасуваа мачорот Арапко.  Тој три дена  бил  на  кровот од Автобуската станица, не сакал да  се  симне, постојано мјаукал. 

Кога добивме  повик за мачката дека е на кров, си помисливме, мачка е, знае да се симне, да се снајде. Околу  14 часот, кога добивме уште една порака за истото маче. Некако се подзамисливме и отидовме да помогнеме. Мачето беше премногу исплашено и, не мјаукаше, пиштеше од страв. Пробавме на секој можен начин да го залажеме да се качи, но залудно. По повеќе обиди мму ставивме поводник околу вратот и набрзина го дигнавме. Случаен минувач кога не виде, кажа "Еј, Арапко". Помисливме дека е нејзин, но приказна на  мачорот  беше очајна... Тој бил домашен мачор, преубаво чуван. Но, за жал неговата сопственичка починала пред една недела, и Арапко останал на улица- велат од ,,Гласот на  животните,,. Не го остават Арапко на улица туку бараат негов дом.

Потребен му е дом, вистински, затоа што немаме капацитет, и до вдомување тој мора да живее во транспортер! Арапко е млад мажјак! Ќе го добиете прочистен од секакви паразити!
 Тел за инфо. 078/202-951

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати