Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 декември 2025
Се одигра последното коло од Првата футсал лига и Втората одбојкарска лига жени.
Победа за футсал екипата на КМФ Кеги моби на гостувањето во Чаир, над екипата на КМФ Шкупи со 1:3 (1:1) , последно пласирана на табелата од 10 екипи. Домаќините единствено повеле со 1:0, велешни бргу израмнуваат, со кој резултат завршуваат првите 20 минути. Во второто полувреме КМФ Кеги моби со два гола стигнува до три бода и делба на второто место по есенскиот дел на Првата лига. Го делат со шампионот КМФ Форца со по 21 бод, но велешани имаат послаба гол разлика и се трети. Првенството продолжува следата година. Лидер е КМФ Проект кој има три бода повеќе.
Во Втората одбојкарска лига – жени, победа и пораз за велешките екипи. Постариот лигаш ГОК Борец славеше со максимални 0:3 (15; 13; 15) на гостувањето во Куманово над истоимената екипа која беше едно место подолу на табелата, со ист број бодови. Помладиот лигаш ОК Виола волеј загуби од лидерот ОК Фламинго волеј во Скопје со 3:0 (4; 18;18).
Со ова 13 коло заврши есенскиот дел. ОК Борец го заврши есенскиот дел на 5-тото место а ОК Виола волеј на 9-тото место. Во втората лига се натпреваруваат 12 екипи, откако ОК Македонија Макс се откажа пред почетокот на првенството.
Спортската сезона 2025 треба да ја завршат кошааркарите на КК Борец басект со натпревар дома, викендов на 27 декември, над КК Струмица ролинг која од осум натпреври има една победа.
