Скромен е интересот за пожарникари во Велешко (видео)

Петар Печков

Скромен е интересот на велешани за пријави за времен ангажман како пожарникари, распишан од локалната власт. Тој се однесува за невработени лица или за корисници на минимална гарантирана помош. До денес на пладне се пријавиле 14 лица, со тоа што тој е отворен до  петок до 15 часот.

Неинформираност за огласот, низок паричен надомест, се причините кои анкетираните ги кажаа за скормниот интерес кај младите невработени велешани Тие се ангажираат  во периодот од пет месеци, до крајот  на годинава а  месечниот надомест е 24 илјади денари. Лицата кои се пријавуваат треба да се  евидентирани во агенцијата за вработување,  може да бидат ангажирани за извршување на јавни работи на територија на општина Велес.  

Пожарот кој во велешко беше регистриран  како активен две седмици кај селото Џидимирци апотоа се прошири кон Крушје и иванквоци, е локализиран. Годинава, споредено со лани нема многу шумски пожари, иако првиот беше на 19 февруари на планината Јакупица.

„За среќа годинава имаме помалку шумски пожари во велешко. Ако лани беа во шума, годинава се во близина на населени места“ – рече Жаклина Гушева раководител на ШС Бабуна Велес. 

Пожарот кај Џидимирци,  кој се прошири кон Крушје и Иванковцки,  беше активен две седмици е локализиран. Во неговото гаснење учествуаа вработени од ШС Бабуна, АРМ гарнизон Велес, ТППЕ Велес, шумска полиција, СВР Велес. Одредени денови кога се закануваше кон Општина Свети Николе во локализирањето учествуваа екипи од ТППЕ Свети Николе и тамошното шумското стопанство.   

Теренот е  под 24 часовна контрола.  Огнот уништи повеќе напуштени селски куќи во селата Крушје, Ветерско, изгоре десетици бандери за струја.

Пожарот  зафати површина од 1.300 хектари, од нив 300 шума со даб и габер. Велешката противпожарна единица иако има недостиг од 15 пожарникари, успева да одговори на предизвикот.  Таа покрива втора по големина територија во Македонија.  Имаат зголемен број на интеренции ова лето. 

„Имаме зголемени напори во гаснењето на пожарите, шуми, куќи, стрништа изминатите месеци, имаме зголемен број интервенции. Пожарот кај Џидимрици започна кај гробиштата ветерот го донесе во селото. Има голем број неуредени дворови. Најчеста причина за пожарите е човекот, неговата невнимателност, намера или неуредени дворови“ – кажа Димче Јованов, командир на  вод на ТППЕ Велес. 

Оваа единица брои 30 вработени а според нормативите има потреба од уште 15 пожарникари.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати