Силниот ветер вчера попладне, кутна дрва по автопат и пред Ликовен

Петар Печков

Поројниот дожд кој вчера, четврток попладне го зафати велешко, предизвика проблеми во редовното живеење. Центарот за управување со кризи информира дека добиле пријава за дел од дрво кое паднало  пред Ликовен салон, кое вработените од ЈКП Дервен го отстраниле.

На автопат  Скопје – Велес, на три  локации имало паднато дрвја, кои биле отстранети од ЈП Македонија пат. Ист таков случај бил регистриран и на регионалниот пат Велес – Градско, каде имало регистрирано одрон и паднато дрво. И нив ги отстраниле  вработени од ЈП Македонија пат. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати