Се запали куќа близу Сармаале (фото)

Петар Печков

Вчеравечер, сабота, пред полноќ регистриран е пожар во напуштена куќа, каде не живеел никој, близу Сармаале. Интервенирала пожарната, повредени лица нема. Електричната енергија во објектот била исклучена, бидејќи не се користел за живеење. Се сомнева дека го користеле лица кои тука уживале опијати. 

„На ден 18.04.2026 во 23:35 примена е дојава за запалена куќа на ул. Страшо Пинџур. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 противпожарни  возило и седум пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза. Благодарение брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги пожарот за брзо е ставен под контрола и потоа е целосно ликвидиран“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Иако опожарената куќа е лепенка со неколку во соседството, интервенцијата на пожарникарите, спречила огнот да се прошири. И велешката полиција со детали за пожарот.

На 18.04.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 23:30 часот настанал пожар во куќа на улица „Страшо Пинџур“ во Велес, сопственост на М.Ј.(55 год) од село Ораовец, велешко“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, за да се откријат причините.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати