Се запали автомобил пред Музејот (фото)

Петар Печков

Околу 10,30ч. се запали автомобил марка форд фокус со велешки регистарски таблички, кој беше во движење. Возачот излезе од колата и навреме ја напушти, потоа огнот го  зафати автомобилот и се слушаа експлозии.

Пожарникарите брзо стигнаа и интервенираа, за десетина минуги го изгаснаа огнот. Поради тоа што инцидентот се случи на улицата 8-ми Септември, која ги поврзува двата дела на градот, сообраќајот беше во прекин и се пренасочуваше, половина час. 

Интервенираше и екипа на Итната помош, кон возачот на опожарениот автомобил, кај кого била констатирана вознемиреност, без физички повреди. 

Од СВР Велес го соопштија идентитенот на возачот  на автомобилот С.Р. (52 год) како и тоа дека има оштетено уште едно возило, паркирано во близина „рено“ сопственост на А.Б. (34 год) од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати