Велешанец е жртва на разбојништвото во Скопје, кога четири лица, двајца мажи и две жени го ограбиле и натепале

Петар Печков

Основното јавно обвинителство од Скопје, отвори истрага против четири лица – двајца мажи и две жени за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Предвидената затворска казна за ова дело е најмалку десет години. 

„На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”. Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта“ – соопштија од ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Од ЈОРМ потврдија дека овој настан е истиот  кој МВР го објави на 31 октомври а во кој жртва е велешанец. 

„На 30.10.2025 во 19:22 часот во СВР Скопје, Т.М.(44 год) од Велес пријави дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ“ – пишува во билтентот на МВР.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати