Се вакцинираат вработените на Итната служба од Здравен дом

Петар Печков

Откако се вакцинира дел од вработените во Општа Болница Велес, започна и вакцинацијата за заштита од ковид-19,  на дел од вработените во ЈЗУ Здравствен дом Велес. Тоа се лица, кои поради спецификата на работата може да имаат контакти со лица кои се заразени со ковид-19, а во тој момент не знаеле.

„Денес ќе се вакцинираат  колегите од службата на Итаната помош, вработени доктори, медицински сестри, возачите. Пријавени се 20 лица, тројца од нив се вакцинираа вчеравечер, останатите денес, среда. Дел од нив веќе беа заразени со ковид, имаат антитела и затоа не се пријавени“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната служба и портпарол на Здравствен дом.  

Претходно, два дена, понеделник и вторник се вакцинираше првата група на здравствени работници од 84 лица, од велешката Болница. Втората група на лица кои се пријавиле од оваа здравствена институција, ќе се вакцинираат дополнително.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати